Количка Bebes Star ТРИО (Количка,Транспортер,Корпа, Торба)

11500д. Previous Next

Количка Bebes Star ТРИО (Количка,Транспортер,Корпа/Седиште, Торба)
👉Цена: 11500 ден. 
Содржи: торба, зимска прекривка
Количката Bebes Star ви овозможува да се движите лесно и брзо.
Алуминиумскиот рам е лесен (6,9 кг), минималистички стил и ефективен дизајн кој воедно овозможува лесно управување и удобност за вашето дете. Практична количка со систем за брзо склопување.
Седиштето е реверзибилно,  овозможува движење во тесен простор и гужва, лесен пристап во лифт или автобус.
Оваа количка нуди можност да се трансформира од седиште во корпа или да се постави транспортер (седиште за во автомобил 0+).

Количка:
*Реверзибилно седиште- детето ќе ужива во возењето и ќе има можност да ги гледа своите родители. Позиции на прилагодување на наслонот.
*Висина на седиштето – високото седиште на количката овозможува детето да седи повисоко од штетните гасови од автомобилите.
*Задни тркала кои може да се вадат- идеални за возење по различни терени. Идеални за урбани прошетки но и за прошетки на нерамен терен благодарение на предните тркала кои се ротирачки.
*Кочници со амортизери – му овозможува удобност на детето.
*Голема настрешница
*Наслон за нозете
*Цврсти гуми со одлична отпорност на абење.

Транспортер-Седиште за во автомобил 0+
Седиштето за во автомобил е во согласност со ECE R44/04 стандардите за превоз на деца до 13 кг (Група 0+) има ергономско седиште со пернички во различна дебелина и настрешница која се прилагодува.
*Возраст: до 14 месеци (13 кг)
*Може да се постави на задно седиште во возилото прицврстено обратно од правецот на возење или на предно седиште без воздушни перничиња.
*Лесно одкопчување и закопчување на седиштето.
*3 позиции на рачката за носење
*Меко перниче граничник за новороденче.
*Лесно поставување со безбедносните каиши од возилото.
*Ергономска рачка, може да се прилагоди со една рака и практично за носење.
*Безбедносните каиши и токата за заклучување се поставени со меки перничиња.
*Безбедносниот појас може да се прилагоди само со една рака.
*Навлака од специјален материјал која може да се одстрани и да се пере на 30°C.
*Може да се користи како релаксатор или како статично легло благодарение на обликот на долниот дел на транспортерот.

Трансформирачка Корпа која лесно се трансформира во седиште и обратно
Оваа количка е модуларен систем (Група0/0-9 месеци)
*Заоблената рачка е со ергономски дел за држење и ракување.
*Наслонот може лесно да се прилагоди.
*Лесен проток на воздух преку настрешницата и фронталната заштита од сонце.
*Прекривка која ќе го заштити бебето од студ.