Како да НАРАЧАТЕ

За сите кои сакаат да купуваат од дома БЕБЕ СУПЕРМАРКЕТ врши достава низ цела Македонија.За порачка над 1800 ден ДОСТАВАТА Е БЕСПЛАТНА,за порачка под 1800 ден доставата е 150 ден.
тел:02/3245-814

e-mail: contact@modish.com.mk

Facebook: https://www.facebook.com/bebesupermarket.mk

Работно време:
Понеделник-Петок 09-20ч
Сабота 09-18ч

   КАКО ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА ПРЕКУ САЈТОТ ИЛИ НАШИОТ FACEBOOK ПРОФИЛ

  1. Ни праќате Линк од производите кои сакате да ги порачате
  2. Чекате да ви потврдиме дали тие производи ги имаме во тој момент на залиха
  3. Откако ќе ја комплетирате нарачката со наша потврда дека тој производ/производи ги имаме на залиха, ни праќате порака со ваша адреса и телефон за контакт.
  4. Нарачките кои се потврдени во работен ден (од Понеделник до Петок) до 15:00 часот, се испорачуваат во текот на следниот ден било каде во Македонија. Нарачките во Сабота треба да се направат најкасно до 12:00 часот и истите се испорачуваат во понеделник.
  5. Доставата ја врши сервис за Брза Пошта, одбран од наша страна.
  6. За пратки над 1800ден. доставата е БЕСПЛАТНА, под таа сума доставата се доплаќа 150ден. од страна на нарачателот.
  7. Плаќањето го вршите при достава на пратката, на курирот од брзата пошта.
  8. Монтирање и склопување на производите не е вклучено.

                                                                                 РЕКЛАМАЦИИ

Доколку се случи нарачателот во време на доставата или потоа, да побара замена на производ/производи заради: големина, боја, тип исл. а не заради неисправност на производот/производите- Сите трошоци на име достава ќе бидат на товар на нарачателот без разлика на вредноста на пратката.

Доколку се работи за рекламација заради неисправност на производ, ние испраќаме курир кој ќе ја повлече пратката назад за да извршиме увид на рекламацијата.

Доколку нашата сервисна служба утврди дека производот има техничка грешка, Ви испраќаме ист таков производ во исправна состојба, а доколку го немаме истиот на залиха ќе Ви понудиме соодветна замена или ќе ви ги вратиме парите во согласност со законот на Р.Македонија. Трошоците во случај на неисправност или техничка грешка се на наша сметка!

Во случај нашата сервисна служба да утврди дека производот е користен спротивно на упатството за употреба и при таквото користење е оштетен и неисправен ќе ве известиме. Ако се сложите дека тоа е ваша грешка без разлика дали производот е во или вон гарантниот рок, ќе се потрудиме производот да го вратиме во исправна состојба и да можете да продолжите со негово користење. Ако тврдите дека производот е користен согласно упатството но сепак се покажал неисправен ќе мора да пополните формулар  во кој ќе го наведете вашето тврдење, а ние ќе го предадеме производот на дополнителна овластена лабораториска проверка. Ако со испитувањето се утврди нашиот сервисен наод односно дека неисправноста е причинета од неправилно користење-спротивно од упатството, тогаш Вие ги сносите трошоците за испитувањето. Ако се потврди вашето тврдење ние ги сносиме сите трошоци како и ќе ви испратиме ист таков производ исправен,а доколку го немаме на залиха ќе ви испратиме негова соодветна замена или ќе ви ги вратиме парите согласно со законот на Р.Македонија.

 

Со Почит

МОДИШ- БЕБЕ СУПЕРМАРКЕТ