Самостерилизирачкото бебешко шише на Tommee Tippee Advanced Anti-Colic се стерилизира во микробранова печка за само 3 минути!
*Со Шишињата Advanced Anti-Colic префрлањето од доење на хранење со шише го прават полесно од било кога досега.
*Инспирирано од мајките и дизајнирано од експерти од областа на доењето Tommee Tippee создадоа шише со уникатна цуцла која благодарение на својата форма го олеснува хранењето, ја имитира природната флексибилност, истегнувањето и движењето наградите на мајката за време на доењето.
Направена од супер мек силикон, и цуцла во форма на мајчина града го поттикнува природно хранење и ја спречува конфузијата кога бебето се префрла помеѓу шише и града.
*Антиколик плус – Системот со цевка е специјално дизајниран за да помогне да се намалат воздушните меурчиња во млекото, да овозможи лесно хранење и воедно го намалува ризикот бебето да внесе воздух за време на хранењето.Кога детето почнува да пие, воздухот поминува преку специјалните отвори, низ цевката и излегува од неа во долниот дел од шишето.На овој начин воздухот целосно го заобиколува млекото.Благодарение на ваквиот систем бебето нема да голта воздух а со тоа ќе се намалат грчевите..
*Благодарение на неговиот сосема нов дизајн, шишето за бебешко млеко Advanced Anti-Colic сега се самостерилизира, што го олеснува чистењето.
Следете ги овие едноставни чекори за да го стерилизирате вашето шише во микробранова печка за само 3 минути**:
Чекор 1: Темелно исчистете го шишето во топла вода со сапуница и исплакнете.За најтемелно миење ја препорачуваме четката на TommeeTippee.
Чекор 2: Наполнете го шишето со 50 ml ладна вода
Чекор 3: Ставете ја цуцлата, завртката прстен, цевката и капачето заедно и слободно ставете ги на основата на шишето. Ставете го во микробранова печка 3 минути.
Чекор 4: Отстранете ја водата од шишето и повторно составете го.
Ве молиме имајте предвид дека времето за стерилизирање малку ќе се промени врз основа на тоа колку шишиња ќе ставите во микробранова печка одеднаш.
*9/10 мајки се согласни дека ова шише е најслично со природното доење.
*Формата на шишето е ергономска и овозможува комфор и лесна употреба.
*Без БПА-безбеден за вашето бебе.
Како и да одберете да го нахраните вашето бебе - без разлика дали е мајчино млеко, формула или малку од двете - нашите шишиња Advanced Anti-Colic се број 1 за лесно префрлање помеѓу шише и гради*.