BEBES Проодувалка
Проодувалката е идеален придружник за првите чекори на вашето дете. Со шарени форми и музички ефекти, таа го задржува вниманието и го поттикнува интересот за движење и игра.
Со помош на оваа проодувалка, детето учи да одржува баланс и рамнотежа, ја развива фината моторика и стекнува правилно држење на телото. Дополнително, ја зајакнува мускулатурата на рацете и нозете, го стимулира видот и ја развива музикалноста.
Практичниот дизајн овозможува лесно ракување и складирање, зафаќајќи минимален простор.
Карактеристики:
Препорачана возраст: 6+ месеци
Различни форми и музички ефекти
Поттикнува баланс, координација и моторички развој
Лесно складирање и практична употреба
Првите чекори стануваат забавни, безбедни и исполнети со радост.