Дрвено креветче Kasper
Цена: 6900 ден.
Дрвеното бебешко креветче Kasper е одличен избор за секоја бебешка соба. Изработено од висококвалитетно масивно дрво, обезбедува сигурност, трајност и удобност за вашето дете. Со својот елегантен дизајн, лесно се вклопува во секој модерен ентериер, создавајќи топла и пријатна атмосфера.
Прилагодлива висина на душекот на 3 нивоа:
Највисоко ниво за новороденче до 3 месеци
Средно ниво од 3-6 месеци
Најниско ниво за дете кое самостојно станува од лежечка положба,6+м
✔️ Три летвички кои се отстрануваат: Совршени за лесно движење на детето кога ќе почне да станува.
✔️ Заоблени рабови: Обезбедуваат дополнителна безбедност.
✔️ Димензии: Внатрешни - 120 х 60 см.
✔️ Опционално: Можност за додавање тркалца (Цена на 4 тркалца: 600 ден.)
✔️ Произведено во ЕУ со сертификати согласно европските стандарди EN-716 и EN 71-3.
Забелешка: Душекот и постелнината не се вклучени во цената.